Песни од Борче Шабаноски на Детски Евросонг
ДЕНИС ДИМОСКИ НА ЈУНИОР ЕВРОСОНГ 2005
Денис Димоски е Македонскиот претставник на Детскиот Евросонг во 2005 година во Белгија каде го освои осмото место од 16 земји претставнички. Песната „Роденденски бакнеж“ е една од најслушаните детски песни од Јуниор Евросонг и е авторско дело на Борче Шабаноски (музика и аранжман) и Марјан Катароски (текст).
МАРТИНА АВРАМОВСКА НА ДЕТСКИ ИЗБОР ЗА ЕВРОСОНГ 2010
Мартина Аврамовска на Македонскиот избор за Јуниор Евросонг 2010 година го освои второто место. Песната „Запејте“ е авторско дело на Борче Шабаноски (музика и аранжман) и Марјан Катароски (текст).